Македонската ракометна репрезентација како првопласирана во групата Ц во Загреб го очекува дуелот против европскиот првак Германија од 3.коло. Двете минимални победи покажаа дека селекцијата има карактер и е подготвена да се надигува до последната минута.

- Имаме две тешки победи зад нас и сега сме во добра позиција. Сега можеме да играме без притисок. Германија има гранитна одбрана, а голманите само ја надополнуваат. Германците немаат класичен среден бек, а мора да ги запреме нивните контри. Ние мора да одиграме подобро во одбраната, на пример не како со Црна Гора.

За денешниот дуел Германија повика нов играч и на листата се наоѓа Фин Лемке, кој го замени Баштјан Рошек. Лемке е играч на бундеслигашот Мелсунген.

Талески посакува нов успешен резултат на македонската селекција пред продолжувањето на натпреварите од втората фаза во Вараждин.

- Очекувам секако и помош од нашите навивачи како и на дуелите со Словенија и со Црна Гора. Тоа ни дава мотив плус за време на самиот натпревар, особено кога ќе се слушне од трибините како се извикува името Македонија.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/01/2018 21:48