Српскиот претседател доби дозвола од косовската Влада за да го посети косово за време на викендот.
Јетлир Зиберај, советник и шеф на Кабинетот на првиот потпретседател на косовската влада и шеф на дипломатијата, Беџет Пацоли, изјави дека очекува Вучиќ да се однесува добро и да ги почитува првилата на однесување согласно со дозволата.
Вучиќ в сабота и в недела ќе престојува во северниот и централниот дел на Косово, каде што најави дека планира да се сретне со косовските Срби.