Најдобар стрелец на дуелот со Германија беше Филип Талески, кој постигна 6 голови. Тој е играч на бундеслигашот Рајн Некар Ловен.
- Денеска беше посебен мотив, игравме против дрим тим, актуелниот европски шампион Германија. Мислам дека заслуживме да победиме, имавме подршка од публиката и го оставивме срцето на терен. „Префрламе“ три бода како први во групата, не очекува следна фаза каде ќе биде уште потешко. Ова е еден плус за нас и имаме доволно денови за одмор, а првиот натпревар ќе покаже до каде навистина можеме. Треба добро тактички да се подготвиме и само така може да стигнеме до успех, изјави Талески.