Во последниот напад на Македонија Стојанче Стоилов шутираше за победа, но неговиот удар го одбрани германскиот голман Силвио Хајневетер.

По дуелот Стоилов изјави:

Три бодови, а можеа да бидат и четири. За жал моја грешка, се надевам на повеќе среќа на другите дуели. Тоа е спорт, тоа е ракомет се надевам дека ќе бидеме со кренати глави. Покажавме карактер на сите три натпревари, не краси таа борба и сметам дека ќе продолжи тоа. На почетокот ги изненадивме со 7/6. Ракометот е таков спорт што можеш да менуваш и да се прилагодуваш. Трите дена одмор ќе ни бидат добредојдени, заврши Стоилов.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/01/2018 23:52