Македонските ракометари втората, главна фаза од Европското првенство во ракомет ќе ја започне со бодовна предност пред останатите тимови.
Во втората група Македонија патува со 3 поени пренесени од првата фаза, Германија пренесува 2 поени, а Словенија 1. Од групата Д, селекциите на Шпанија, Данска и Чешка доаѓаат со по 2 поени.
Тоа значи дека нашите ракометари се први на стартот на втората фаза, што отвора реални шанси за освојување на едно од првите две места, што значи пласман во полуфиналето.
На 21. јануари ќе играме со Шпанија, два дена подоцна со Чешка и на 24. јануари со стариот должник Данска.