Пратениците на бугарскиот парламент во две читања едногласно го ратификуваше Договорот за пријателсво, добрососедсво и соработка меѓу Република Бугарија и Република Македонија.
На прво гласање, законот беше усвоен едногласно од страна на 182-ца пратеници, а на второ беше поддржан од сите 186 пратеници.
Во понеделникот македонскиот парламент со 61 глас и еден воздржан го ратификуваше договорот за добрососедсво. Инаку Договорот за добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Бугарија, беше потпишан на 1 август, ден пред Илинден. Премиерот на Бугарија Бојко Борисов беше пречекан со највисоки државни и воени почести а при неговата дводневна официјална посета беше со цел токму потпишувањето на договорот.
Премиерите на двете држави Зоран Заев и Бојко Борисв го потпишаа договорот поради зацврстување на меѓусебните пријателски односи, унапредување на добрососедсвото, развивање на сестрани меѓусебни односи согласно меѓународното право. Според премиерите на двете држави и Заев и Борисов оценија дека Договорот ќе гарантира долгорочно градење на пријателски односи меѓу Бугарија и Македонија.