Македонската ракометна репрезентација попладнево го напушти Загреб и тргна кон Вараждин каде ќе ги игра натпреварите од втората фаза на Европското првенство во Хрватска.

Македонија е прва во новоформираната група со три пренесени бода од првата фаза.

На „црвено-жолтите“ им претстојат дуели со Шпанија, Данска и со Чешка во обид да остварат поволни резултати кои ги им овозможат освојување на едно од првите две места и пласман во полуфиналето.

Натпреварите за медал ќе се играат во Загреб, па Македонците се надеваат дека за време на ЕП повторно ќе се вратат во хрватската престолнина.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/01/2018 23:59