Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска разговарал со министерот за надворешни работи, Никос Коѕијас. Министерот го информирал за текот на преговорите и за презентираните предлози од медијаторот Метју Нимиц.

Овој состанок бил одржан попладнево, а не бил најавен од нивните кабинети. Тие разговарале за последните случувања во врска со спорот за името, но засега нема детали.

Грчките медиуми известија дека по средбата со Коѕијас, Ципрас се упатил на работна вечерва во Атинската архиепископија, каде што се сретнал со архиепископот Јеронимос.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/01/2018 22:24