Селекторот на Хрватската ракометна репрезентација, Лино Червар во финишот на натпреварот со Белорусија направи потег кој фрли сенка врз победата на неговиот тим.
За време на последниот напад на Белорусија, тој со раце го задржа противничкиот играч Артур Краватски.
Белорусите на осум секунди пред крајот бркаа гол негатива, кога Краватски се најде до аут линија, а Червар го искористи тоа за да го задржи.
Во продолжение беше досуеден фаул во напад, кој им овозможи на Хрватите да погодат за конечните 25:23.