Косовскиот министер за правда, Абделјад Тахири, денеска изјави дека Косово нема да дозволи Србија да биде вклучена во истрагата за смртта на претседателот на Граѓанската иницијатива на СДП, Оливер Ивановиќ, но дека се подготвени да соработуваат со Србија за тој случај.
- Во никој случај не сакаме мешање во истрагата на која било друга институција, освен на оние на Република Косово. Ќе примаме информации од Србија што ќе доведат до апсење, но не и нејзино мешање во истрагата. Тоа ќе го правиме само ние - изјави Тахири за онлајн-изданието на „Газета експрес“.
Посочи дека за истрагата се надлежни Обвинителството и полицијата на Косово.
Во заедничката изјава издадена од косовското министерството за правда и она за за внатрешни работи, се наведува дека убиството на Ивановиќ е неприфатливо, дека не може да се толерира и оти таквите дела бараат итна реакција.