Селекторот на Хрватска, Лино Червар кој направи неспортски потег на натпреварот со Белорусија доби парична казна од ЕХФ.

„Во 59 минута и 29 секунда Червар имаше контакт со ракометар на Белорусија и по прегледот на видеото видовме дека тренерот иницира мал контакт со противничкиот играч“, соопштија од Европската ракометна федерација.

Од таму додаваат дека селектор со такво ракометно педигре би требало да знае дека е забранет секаков контакт со противнички играчи во тек на натпреварот.

Хрватите беа загрижени дека Червар ќе добие суспензија, а дури се закануваше и исфрлање од ЕП, но на крајот доби само парична казна и Хрватскиот сојуз ќе мора да плати 3.000 евра.

Веселин Вујовиќ, словенечкиот селектор, помина без казна.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/01/2018 01:23