Ракометарите на Данска ја забележаа првата победа во новоформираната група 2, на Европскиот шампионат што се одржува во Хрватска.
Олимпискиот шампион Данска ја совлада Словенија со 31-28 полувреме 16-14.
Натпреварот беше израмнет се до завршните десет минути кога Данците не успеаја да ја искористат бројната предност на терен и поведоа со три гола разлика (22-25).
Иако избраниците на Веселин Вујовиќ се доближија на гол минус (25-26), сепак со неколкуте одбрани на Никлас Ландин, повторно Данска направи серија од 4-1, која до крајот за Словенците беше недостижна.
Ласе Сван Хансен со 11 гола ја предводеше Данска, додека кај Словенија најефикасен беше Миха Зарабец со 6 гола.
Со двата освоени бода, Данска сега има вкупно 4, како и Германија која претходно беше подобра од Чешка. Веднаш зад нив со 3 бода, е секцијата на Македонија која в недела ќе игра против Шпанија која има 2, додека Чешка и Словенија остануваат на 2 односно еден бод.
Денеска на шампионатот ќе се играат натпреварите од првата група во Загреб, а во нив ќе се сретнат, Шведска – Франција од 18:15 часот и Хрватска – Норвешка од 20:30 часот.