Ракометарите на Франција ја забележаа првата победа во новоформираната група 1, на Европскиот шампионат што се одржува во Хрватска.

Актуелните светски шампиони Францусите вечерва во загрепска,, Арена” ја совлада Шведска со 23:17 полувреме 13:10.

Седерик Сораиндо со 5 постигнати голови и голманот Жерард кој средбата ја заврши со 19 одбрани, од кои дури 13 во првиот дел, беа предводници на,, триколорите” во оваа победа.

Вечерва, во оваа група ќе се одигра уште еден натпревар, а во него домаќинот на шампионатот Хрватска за противник ќе ја има селекцијата на Норвешка.

На табелата, лидер е Франција со 6 бодови, пред Шведска и Хрватска со по 4,Норвешка има 2 , а Белорусија и Србијасе без освоен бод.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/01/2018 19:25