Солунскиот градоначалник Јанис Бутарис категорично се огради од денешниот протест во Солун, против правото на Република Македонија да го користи терминот „Македонија“ во своето име.

– Многу сум разочаран, бидејќи по 25 години од спорот за името на Скопје ние сме во иста позиција. Психологијата, односот на многу грчки граѓани не се сменил. Проблемот е во тоа што луѓето сметаат дека Македонија ќе ни го одземе идентитетот, а тоа никој нема да го направи. Тие не се закана за нас. Луѓето се многу слабо информирани, се вообразуваат за разни работи кои не се вистина дека тие ќе ни ја украдат и преземат историјата, вели Бутарис во изјава за БТВ што ја пренесува Бгнес.

Денешниот протест во Солун беше организиран од неколку националистички формации, вклучувајќи ја и неонацистичката Златна Зора.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/01/2018 23:47