Целиот натпревар го изигравме катастрофално. Немавме шанса, би сакал да го заборавам овој натпревар и да се фокусираме на следниот, изјави селекторот на Македонија, Раул Гонзалез по поразот на Македонија од Шпанија со 31:20.

Тој изјави дека е загрижен поради повредата на Кире Лазаров, бидејќи тој е важен за нашиот тим и нашата игра. Раул сепак не можеше да прецизира колку е сериозна повредата на Лазаров.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/01/2018 23:57