Селекторот на македонската репрезентација, Раул Гонзалез не е оптимист околу повредата на нашиот капитен Кире Лазаров.
„Најверојатно ова ќе биде последен натпревар за Лазаров. Повредата не изгледа добро. Тоа ќе биде голем проблем за нас, бидејќи тој е играч на кој се базира нашата игра и ќе биде многу тешко без него во продолжението“, изјави Раул Гонзалез.