По поразот од репрезентацијата на Шпанија, Македонската репрезентација не ги намали шансите за пласман во полуфиналето и борбата за медал.

Дури и да не ги победиме двата натпревари до крајот на втората фаза од Европското првенство, можеме да се надеваме на позитивен резултат но тој нема да зависи само од нас.

Моменталната ситуација на табелата е следна:

1. Данска - 6 бода (4 натпревари)

2. Шпанија - 4 бода (3 натпревари)

3. Германија - 4 бода (4 натпревари)

4. Македонија - 3 бода (3 натпревари)

5. Чешка - 2 бода (3 натпревари)

6. Словенија - 1 бод (3 натпревари)

Во второто коло се играат натпреварите помеѓу Македонија и Чешка и Словенија и Шпанија. Тука резултатите треба да завршат во полза на Македонија и на Словенија, односно двете репрезентации треба да победат за сценариото да се одвива во наша корист. Со евентуални победи на Македонија и Словенија, табелата би изгледала вака:

1. Данска - 6 бода (4 натпревари)

2. Македонија - 5 бода (4 натпревари)

3. Шпанија - 4 бода (4 натпревари)

4. Германија - 4 бода (4 натпревари)

5. Словенија - 3 бода (4 натпревари)

6. Чешка - 2 бода (4 натпревари)

Во последните натпревари од нашата група ние ќе играме против репрезентацијата на Данска, Германија ќе игра против Шпанија додека Словенија ќе се сретне со Чешка. Ако ние одиграме нерешено со Данска, тогаш ќе треба да го чекаме исходот од натпреварот Германија - Шпанија кој треба да заврши нерешено односно без победник, додека исходот од натпреварот Словенија - Чешка нема да биде значаен за нашиот конечен пласман на табелата. Доколку ја победиме Данска, во тој случај нема да ни бидат важни исходите од останатите два натпревари.

Еве како ќе изгледа табелата во случај на нерешено:

1. Данска - 7 бода (5 натпревари)

2. Македонија - 6 бода (5 натпревари)

3. Шпанија - 5 бода (5 натпревари)

4. Германија - 5 бода (5 натпревари)

5. Словенија - 3 бода (4 натпревари)

6. Чешка - 2 бода (4 натпревари)

А доколку ја победиме Данска:

1. Македонија - 7 бода (5 натпревари)

2. Данска - 6 бода (5 натпревари)

3. Шпанија - 4 бода (4 натпревари)

4. Германија - 4 бода (4 натпревари)

5. Словенија - 3 бода (4 натпревари)

6. Чешка - 2 бода (3 натпревари)



Автор: Администратор
Објавено на: 22/01/2018 13:25