Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров утрово во 9 часот заминал во Загреб на детални прегледи за да се утврди тежината на повредата.

Според информациите од таборот на Ракометната федерација на Македонија, првични информации околу повредата на Лазаров ќе има после 11:30 часот.

Лазаров синоќа по само 12 минути на дуелот со Шпанија го напушти натпреварот и до крајот преседи на клупата за резерви со облоги од мраз на ложата од десната нога.

Многу е мала веројатноста Лазаров да настапи на следните два натпревара на Европското првенство што Македонија утре и задутре ќе ги игра со Чешка и со Данска.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/01/2018 16:04