Протестот под мотото „Македонија е грчка“ против употребата за терминот „Македонија“ во решението за спорот за името што требаше да се одржи во Атина на 4 февруари ќе се одржи во Пиреја, пишува грчкиот весник „Катимерини“.
Според официјалното соопштение, организаторите кои стојат зад протестот во неделата во Солун, не сакале да предизвикаат сообраќаен хаос во центарот на Атина доколку протестот се одржи на плоштадот Синтагма.
Сепак, според информациите на „Катимерини“, местото на одржување на протестот е сменето од безбедносни причини, бидејќи организаторите стравувале од судири меѓу демонстрантите, од кои многу наводно припаѓаат на националистичкиот камп и самонаречените анархисти.