Организаторите на Златна Бубамара најавија дека во текот на утрешниот ден ќе бидат пуштени во продажба билетите на за 21-то издание на оваа престижна манифестација која оваа година е под мотото: „За подобар живот“ и за прв пат ќе се оддржи во спортската сала ВИП Борис Трајковски.

Во нивното соопштение се вели:

„ЗЛАТНА БУБАМАРА НА ПОПУЛАРНОСТА, 21 издание во 21 век - ЗА ПОДОБАР ЖИВОТ

Почитувани љубители на добра забава, чист воздух и ПОДОБАР ЖИВОТ, доаѓа 21 издание на Златна БУБАМАРА, кое не смеете да го пропуштите.

Бидејќи нема чист воздух и подобар живот, единствено ни преостанува - добра забава! Ја затворија Универзална, ни го затворија Метрополис – ни остана само уште БОРИС! Затоа излезете од општествениот притвор и отворете ги портите за многу подобар живот!

Златна Бубамара ќе се оддржи за последен пат оваа година и за прв пат во Вип Борис Трајковски.

Патни трошоци не ви признаваме, а за другото че разговараме, дискутираме, дебатираме. И да знаете колку и да трае – ЧЕ СИ СЕДИТЕ!!

Дел од билетите ќе бидат пуштени во он-лајн продажба на 24 јануари преку www.mktickets.mk во точно 12.30 часот и во неколку познати продажни места за билети за кои дополнително ќе ве информираме.“



Автор: Администратор
Објавено на: 23/01/2018 13:37