Македонската ракометна репрезентација не зависно од резултатите на дуелите со Чешка и со Данска ќе биде пласирана меѓу првите 10 селекции на ова Европско првенство. Тоа значи дека Македонија на извлекувањето на двојките за баражот за СП 2019 година ќе биде рангирана во „шеширот“ на носителите.

Во „шеширот“ на неносители сега се селекциите кои ги освоија првите места во квалификациите: БиХ (или Швајцарија), Литванија, Холандија, Португалија, Романија и Русија, како и трите најслабопласирани селекции од овој шампионат.

Директен пласман досега имаат обезбедено: Данска и Германија (како домаќини) и Франција (светски првак). Секако и европскиот првак од ова првенство или најдобрата рангирана селекција, а да не биде Данска, Германија и Франција.

Деветте бараж дуели ќе се играат од 8 до 14.јуни, по принципот дома – гости.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/01/2018 20:39