Во средбата од 4-то коло на Групата 2 од вториот круг од Европското ракометно првенство во Хрватска, селекцијата на Словенија во Вараждин пред 5.000 гледачи ја совлада Шпанија со 31:26 (13:12), со што практично одигра во полза на Македонската репрезентација бидејќи со евентуална победа вечерва против Чешка, Македонија ќе избие на втората позиција во конечниот пласман.

По изедначеното прво полувреме, Словенија во вториот дел целосно ја надигра Шпанија и ја избори првата победа во вториот круг и ги продолжи надежите за полуфиналето, додека Шпанците со поразот го загрозија пласманот меѓу најдобрите четири селекции на турнирот.

Словенците до победата ги предводеше Гашпер Маргуч со пет, и Блаж Благотиншек и Нори Мачковшек со по четири одбрани, додека голманите Урх Кастелиц и Матевж Скок имаа вкупно 15 одбрани (12-3). Феран Соле и Адриан Фигуерас со четири голови беа најдобри во редовите на Шпанија.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/01/2018 20:49