Македонските ракометари не успеаја да забележат нова победа на Европското ракометно првенство во Хрватска со што значително ги намаливме шансите за пласман во најдобрите четири ракометни репрезентации на стариот континент.

Иако во текот на целиот натпревар водевме и бевме подобри од Чешка сепак во последните десет минути попушти концентрацијата и направивме грешки кои и овозможија на Чешка да дојде до предност. Во текот на првото полувреме Македонија доминираше на теренот и во неколку наврати бевме во шанса да стигнеме и до 5 гола разлика, сепак на пауза отидовме со позитива од 2 гола (13:11).

Второто полувреме исто така го започнавме одлично и дојдовме на пет гола разлика, по што се случи пад во играта кој навестуваше нова инфаркт завршница. Во последните седум - осум минути Чесите успеаја да го израмнат резултатот па дури и да поведат по нереализираниот седмерец на Кире Лазаров за прв пат на натпреварот.

До крајот на натпреварот не успеавме да дојдеме до еден гол предност па дури во последните моменти се боревме и за нерешено од кога Манасков во последниот напад, Манасков реализираше но судиите по преглед на снимката не го признаа голот и ни доделија седмерец, но Манасков не успеа да реализираше.

На крајот загубивме со 25:24.

Утре го играме последниот натпревар од втората фаза на Европското првенство против Данска но со ваков расплет, полуфиналето изгледа речиси недостижно.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/01/2018 21:12