Американскиот претседател Доналд Трамп кон крајот на април во Белата куќа ќе го пречека францускиот претседател Емануел Макрон, изјави претставник на неговата администрација.
Макрон е прв странски државник кој доаѓа во Белата куќа, од почетокот на мандатот на Трамп.
По тој повод, Трамп и неговата сопруга Меланија првпат ќе бидат домаќини на службена вечера на државно ниво.
Трамп и Макрон воспоставија пријателски односи во текот на минатата година.