Претседателот на грчкиот Парламент, Никос Вуцис изјави денеска дека прашањето за името може да доведе до одредени промени на грчката политичка сцена. Тој напомена дека сепак ова прашање нема да ја смени стабилноста на грчката Влада.

- Процесот на решавањето на името ќе доведе до големи промени во политичкиот систем, најверојатно по хоризонтална линија. Сепак верувам дека тоа нема да ја смени стабилноста на Владата. Во никој случај нема да се промени состојбата дека дека ќе има големо мнозинство во Парламентот во врска со сложено име, за тоа има и индикации и услови - изјави Вуцис во интервју за „Реал фм“.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/01/2018 18:41