Чешка и Словенија одиграа реми во последниот меч за нив од групната фаза (26-26), со што се елиминираа себеси од битката за полуфинале, но ги урнаа и шансите на Македонија за петто место на ЕП.
Со освоениот бод, Чешка дојде до пет бода, така што дури и Македонија да победи против Данска, не може никако да заврши пред неа. Полуфиналисти на ЕП од нашата група се Данска која е сигурна и една од репрезентациите на Шпанија и Германија кои ќе одлучуваат во меѓусебен дуел.
Последниот меч на ЕП, Македонија го игра вечерва против Данска и на ова ЕП ќе има пласман од седмото до десеттото место.