Голманот на македонската репрезентација Борко Ристовски денешениот дуел со Данска го мина на клупата, но на претходните имаше солидни настапи.
- Одигравме квалитетно Европско првенство. Генрелно задоволни сме од играта, но не толку и од резултатот. Тешко првенство беше, во првиот круг да имавме среќа ќе имавме четири бодови. Ни фалеше од се по малку, тука во Вараждин, искуство, ротација, среќа. Ако ги тргнеме натпреварите со Данска и со Шпанија одигравме квалитетно првенство. Стручниот штаб треба да направи анализа. Ние никогаш, па ни во Србија 2012 не бевме поблиску до полуфинале. На секој дуел се чуствувавме моќни. За грешки барање секогаш е најлесно и пред се да се види зошто во клучните натпревари ни фалеше сила, среќа, ротација,... На сите натпревари одигравме борбено 100 проценти. Жално е што немавме подобар резултат и ако ја победевме Чешка ќе имавме далеку подобар пласман. Не лесно да се игра ЕП на кое секоја репрезентација може секого да победи, рече Ростовски.
Македонската репрезентација со три бодови го освои шестото место во групата 2, каде прв полуфиналист е Данска, а за второт место се борат Шпанија и Германија.