Домаќинот на Европското ракометно првенство, репрезентацијата на Хрватска не успеа да се пласира во полуфиналето и остана без медал.
Хрватите синоќа во решавачкиот за нив натпревар загубија од Франција со 30:27 и ги разочараа своите навивачи кои посакуваа барем нерешено за „коцкестите“ да се пласираат меѓу четирите најдобри.
Вака, можност да се бори за медала доби Шведска и покрај поразот од Норвешка.
Во кругот на селекции со шест бодови, Швеѓаните се најдобри.
Табела Група 1 од втората фаза на ЕП: Франција 10 бода, Шведска 6, Хрватска 6, Норвешка 6, Белорусија 2, Србија 0.