Марин Чилиќ се пласира во големото финале на Австралија опен во Мелбурн, откако во првото полу-финале со максимален резултат 6:2, 7:6. 6:2 го победи Британецот Кајл Едмунд.
Хрватот кој од понеделник ќе биде број 3 на АТП листата, лошо влезе во мечот му дозволи две брејк топки на Едмунд, а откако успеа да го одбрани својот сервис започна и да ја презема контролата врз мечот.
Брејк направи во шестиот гем, а откако потоа рутински го доби својот сервис гем, во наредниот првата брејк топка ја претвори во сет и предност од 1:0.
Многу понеизвесно беше во вториот сет каде двајцата добри сервираа и едноставно не дозволија брејк можности. Сепак искуството на Чилиќ пресуди во тај-брејкот, тој 3.игра ја доби со 7:4.
Третиот сет имаше идентичен тек како првиот. Чилиќ во третиот гем направи брејки, а кога и во седмиот му го одзеде сервисот на противникот беше јасно дека тој е првиот финалист во Мелбурн.
Марин Чилиќ епрвиот Хрват кој изборил пласман во финалето на Австралија опен, а в недела во Мелбурн во своето трето Гренд слем финале ќе се бори за втората титула. Чилиќ има титула од Њујорк и пораз во финалето на Вимблдон.
Ривалот на Чилиќ во финалето ќе биде подобрникот од утрешното полу-финае во кое ќе играат бранителот на титулата Роџер Федерер и сензационалниот тенисер до Јужна Кореја Хјеонг Чунг.