Македонскиот атлетичар Леонид Вандевски го собори националниот рекорд во дисциплината 2.000 метри стиплчес на меѓународен митинг кој изминатиот викенд се одржа во германскиот град Пилхаузен.
Вандевски заврши осмопласиран, истрчувајќи ја патеката со време од 6:00.49 со што го собори претходниот рекорд на Нехат Алуи (6:16.4) од далечната 1975 година.
Нов македонски рекорд изминатиот викенд постигна и Јован Стојоски во дисциплината 400 метри со пречки.
Стојоски на меѓународниот митинг во словенечки Марибор, Словенија ја истрча делницата со време од 53.65. Претходниот рекорд (55.11) датираше од 1980 година и беше во сопственост на Бранко Илиевски