Новиот протест за „одбрана на името Македонија“ официјално е закажан за 4 февруари во 14 часот на плоштадот Синтагма во Атина, соопштија на прес-конференција организациите и здруженијата кои го организираат протестот, во голем дел од дијаспората, наведувајќи дека формирале координативен комитет задолжен за организацијата и повикаа на масовно учество.

Организаторите соопштија дека го повикуваат грчкиот народ да продолжи во неговата борба, бидејќи како што наведуваат, територијалниот интегритет на земјата е под закана од отстапувањето на името Македонија и оти само масовно учество на народот може да го спречи тоа.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/01/2018 17:34