Грчкиот премиер Алексис Ципрас, на одделни состаноци, ќе ги информира претседателот на државата, раководството на Министерството за надворешни работи, коалициониот партнер во владата и лидерите на политичките партии за последните случувања во прашањето со името.
Според грчките медиуми, Алексис Ципрас утрово веќе имал средба со неговиот коалициски партнер и министер за одбрана Панос Каменос, а за 15 часот е закажан мини министерски совет во премиерската палата, на кој ќе присуствува и шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас и неговите заменици.