Постоечките отворени прашања во билатералните односи на балканските земји треба да бидат решени пред нивниот приемот ЕУ, изјави денеска бугарскиот премиер Бојко Борисов во обраќањето на дискусијата за долгорочните перспективи за развој на Западниот Балкан, што се одржа во рамки на Светскиот економски форум во Давос.

Како пример за подобрување на односите меѓу земјите од регионот Борисов го посочи Договорот за пријателство и добросоедство меѓу Македонија и Бугарија потпишан лани во август.

– Парламентите на Бугарија и Република Македонија го ратификуваа Договорот, кој меѓунардоната заедница го оцени како одличен пример за изградба на нов тип односи на Балканот. Двете држави покажаа дека во нив постои реална волја за развој на односите на прагматична основа во духот на добрососедството и довербата, нагласи Борисов.

Бугарскиот премиер порача и дека воспоставувањето врски меѓу земјите од Западен Балкан претставува клучен фактор за стимулирање на инвестиции во регионот.

Борисов, чија земја е актуелен преседавач со ЕУ, порача дека е непходно зајакнување на инфрастуктурните, транспортните, дигиталните, енергетските и социјалните врски меѓу земјите од регионот со што ќе се привлекуваат инвеститори и ќе се подобри поврзаноста со ЕУ.

Тој посочи дека ЕУ очекува од земјите од Западен Балкан да постигнат видив напредок во исполнувањето на условите за членство во Унијата.

Според Борисов, веќе апсолутно сите во регионот знаат дека изградбата на инфраструктурата и остварувањето видлив напредок во приближувањето кон ЕУ се два процеси што треба да се одвиваат паралелно.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/01/2018 21:34