На првиот полуфинален меч на европското првенство потрфли фаворитот за златен медал, Франција.

Шпанија тргна фуриозно уште од самиот почеток на натпреварот. На полувремето резултатот беше 15-9 за црвената фурија. Во вториот дел Шпанија го диктираше темпото на натпреварот, се до последните десет минути кога Франција се врати на три гола разлика.

Сепак не беше доволно за да се пробие одбраната на Шпанија. Најдобар играч во Шпанската репрезентација беше Раул Ентрериос со 6 погодоци, додека во Франција најдобар беше Седрик Сореиндо со 6 погодоци. Во таборот на Шпанија деби имаше и Арпад Штербик кој одбрани 3 пенали. Второто полуфинале е скандинавското дерби помеѓу Данска и Шведска од 20:30 часот



Автор: Администратор
Објавено на: 27/01/2018 00:54