Селекцијата на Шведска по драмата која се случи во Загреб, успеа да обезбеди победа против Данска со 35:34 и да обезбеди финале, против селекцијата на Шпанија.
Скандинавското дерби го доби Шведска во максимална драма во 70 минути.
Швеѓаните својата добра партија и пласманот во финале го најавија уште на полувреме каде имаа предност од 14:16.
Во вториот дел Шведска беше и во поголемо водство против Данска, но на крајот се дојде до егал ситуација и во финишот следуваше драма. Откако натпреварот заврши без победник 28:28, па мораа да се играат уште 10 минути продолжение.
Таму подобри беа Швеѓаните, па заслужено патуваат во финале каде ги чека исклучително тежок противник, селекцијата на Шпанија.