Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон денеска изјави дека САД се противат на изградбата на гасоводот Северен тек 2, кој треба да ги поврзува Русија и Германија, наведувајќи дека гасоводот ќе ја загрози енергетската безбедност на Европа.

„САД се против гасоводот Северен тек 2, бидејќи гледаме дека ја поткопува енергетската безбедност и стабилноста на Европа и ѝ дава на Русија уште еден инструмент да ја користи енергијата како политичка алатка”, рече Тилерсон на заедничката прес-конференција со полскиот министер за надворешни работи.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/01/2018 19:21