Со дуелот против францускиот тим Мец ракометарките на ЖРК Вардар денеска ја почнуваат втората фаза од натпреварите во Лигата на шампионките.

Вардарки кои во првата рунда беа единствената екипа со максимални шест победи ќе ја имаат улогата на фаворит во мечот против францускиот тим кој во главната фаза префрли шест бодови, два помалку од црвено-црните.

Дуелот меѓу ЖРК Вардар и Мец кој ќе се игра попладнево во СЦ „Јане Сандански“ со почеток од 17 часот и 30 минути, е вториот од денешната програма во групата 2.

Во првиот меч (14 часот) ќе се сретнат германските ривали Турингер – Битингхајм, додека за утре закажан е третиот натпревар меѓу Ференцварош и Будуќност.

Табела: Вардар 8 бодови, Мец 6, Ференцварош 4, Будуќност 4, Битингхајм 2, Турингер 2.

Пласман во четвртфиналето ќе обезбедат четирите најдобро пласирани екипи од двете групи.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/01/2018 21:48