Романија е противникот кој го доби македонската машка ракомента репрезентација во баражот за Светското првенство (СП) 2019 година кое ќе се игра во Данска и во Германија.
Бараж средбите се играат во средината на јуни годинава, а победникот ќе обезбеди место на Светското првенство во Германија или Данска. Македонија ќе биде домаќин на првата средба, на 6 или 7 јуни, додека реваншот ќе биде една седмица потоа.
Мундијалот ќе се отвори на 10. јануари следната година во Берлин и ќе трае до 27. јануари. Ќе има 24 репрезентации од 5 конфедерации.
Двојки од баражот за СП 2019:
Србија - Португалија
Литванија - Исланд
Чешка - Русија
Словенија - Унгарија
Белорусија - Аавстрија
Македонија - Романија
Холандија / Шпанија - Шведска
Норвешка - БиХ - Швајцарија
Хрватска - Црна Гора
Дуелите на Светското ќе се играат во Копенхаген (Ројал Арена – капацитет 13.700), Хернинг (Јуске Банк Боксен – капацитет 15.000), Берлин ( Мерцедес-Бенц Арена – капацитет 14.800), Келн (Ланксес Арена – капацитет 19.250), Минхен (Олимпијахале – капацитет 12.000), Хамбург (Барклајкард Арена – капацитет 13.300).
Веќе квалификувани селекции се: Данска и Германија како домаќини, Франција како актуелен светски шампион, победникот на финалето на Европското 2018 (Шведска или Шпанија) Катар, Јужна Кореја, Бахреин и Саудиска Арабија како полуфиналисти на Азискиот шампионат 2018 и Тунис, Египет и Ангола како финалисти и третопласирана селекција на Африканскиот шампионат 2018.