Кари со 43 поени, Кармело до 25.000 поени, нов „трипл-дабл“ на Вестбрук,

Стив Кари постигна 43 поени од кои 13 во последните 100.секунди со што го предводеше шампионот Голден Стејт во тешпко опстварената победа против Бостон со 109-105.

Триото на Оклахома, Вестбрук, Џорџ и Ентони заедно постигна 78 поени во победата на својот тим со 121-108 на госувањето кај Детроит.

Расел Вестбрук средбата ја заврши со „трипл-дабл“ од 31 поен, 13 асистенции и 11 скока, негов 15-ти сезонава, а вкупно 94-то вакво остварување во кариерата.

Пол Џорџ постигна 26 поени, а Кармело Ентони 21 со што ја достигна границата од вкупно 25.000 поени во кариерата.

Неизвесно беше и на мечот меѓу Денвер и Далас кој заврши со минимална победа на домаќините од 91-89, меч во кој Никола Јокиќ го забележа својот втор „трипл-дабл“ во кариерата со 11 поени, 16 скокови и 11 асистенции.

Победи пред своите симпатизери остварија Индијана над Орландо со 114-112 и Минесота која со 111-97 го победи Бруклин.

Единствената победа на гостинските екипи ја забележа Вашингтон кој ја совлада Атланта со 129-104.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/01/2018 18:44