Ингвар Кампрад, основач на култната шведска компанија за мебел ИКЕА, починал во неговиот дом во Смаланд на 91 годишна возраст.

Ингвар Кампрад, основач на култната шведска компанија за мебел ИКЕА, починал во неговиот дом во Смаланд на 91 годишна возраст. Кампрад беше еден од најголемите претприемачи на 20-иот век, пишува во соопштението на ИКЕА. Тој почнал да продава кибритчиња на петгодишна возраст.

Во 1943 година решил да отвори фабрика за мебел наречена ИКЕА, чие име е комбинација на неговите иницијали и фармата и селото каде што израснал. Една дамка на неговиот живот е учеството во про - нацистичко движење во Шведска за време на Втората светска војна, кога имал 16 години.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/01/2018 19:13