Во финалето, Шпанија успеа убедливо да ја совлада Шведска, иако во првото полувреме подобар партнер беше селекцијата од Скандинавија.

Успехот на Шпанија коинцидира со влегувањето на Арпад Штербик, кој во само 6 минути донесе комплетен резултатски пресврт.

Само два гола во првите 15-ет минути на второто полувреме е резултат на одбраните на голманот на Вардар, по што Шведска веќе не најде начин да се врати во игра. Ова е прва европска титула за Шпанија, која претходно настапи во уште четири финални средби, но секогаш поразена го напушташе теренот.

Инаку, Шпанија на ова првенство не беше сметана за еден од првите три топ фаворити, но со својата игра против Франција и против Шведска заслужи да се најде на највисокото место на победничкиот подиум.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/01/2018 22:55