Голманот на Вардар Арпад Штербик беше најзаслужниот за синоќешната победа на Шпанија над Шведска во финалето на Европското ракометно првенство.

Штербик ја доби наградата МВП за најдобар играч во финалето. Тој изјави дека неговата репрезентација дојде до историското прво злато на евро-шампионатите и дека оди во пензија, но порача дека е тука ако пак затреба.

За мене ова е крај на репрезентативната кариера, ама ако повторно ме повикаат и ако затребам тука сум. Сепак, се надевам дека нема да има потреба за такво нешто и дека нема да се случуваат вакви повреди. И мора да знаат дека не сум веќе млад, истакна голманот на новиот европски шампион.

38-годишниот Штребик доби повик од селекторот за полуфиналето на ЕП, откако првиот голман Де Варгас се повреди. По само неколку дена тренинг со Вардар им се приклучи на репрезентативните колеги и со своите одбрани беше клучната фигура во второто полувреме кога Шпанците го направија пресвртот.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/01/2018 16:43