Поради дојава за бомба евакуиран е Горниот дом во рускиот парламент.
„Добивме анонимна дојава за експлозивна направа поставена во зградата. Во согласност со безбедносниот протокол, зградата се пребарува“, се наведува во соопштението на прес-службата.
Претходно денеска, извор на Долниот дом на парламентот рече дека стигнале дојави за бомби во 25 згради во руската престолнина, вклучувајќи и неколку болници, Московската берза и една мртовечница.
За четири часа, пристигнале две дојави за бомби во Долниот дом на рускиот парламент.
Од септември забележан е бран на анонимни дојави за бомби во 4.000 згради и 215 градови ширум Русија.