Албанскиот премиер Еди Рама денеска изјави дека преговорите меѓу Македонија и Грција за решавање на спорот со името, ќе значат продолжување на процесот на евроатланска интеграција за Македонија, и оти Тирана внимателно ги следи преговорите меѓу двете земји.
Оваа изјава Рама го даде за време на состанокот со пратеничката група на владината Социјалистичката партија, по враќањето од учество на Економскиот форум во Давос.
- Ние со голем интерес го следиме позитивниот напредок на дијалогот меѓу нашиот јужен сосед и Македонија. Се надеваме дека ќе има финализирање на преговорите со заедничко прифатливо име со што на Македонија ќе и се отвори патот кон евроатланската интеграција, изјави Рама.
Рама изрази жалење поради, според него, очекуваниот став на претседателот Ѓорге Иванов за законот за јазици но се надева дека тој став нема да носи блокада за донесување на законот.
- Сметам дека ставот на македонскиот претседател нема да го блокира овој историски процес што се случува во Македонија, со визионерското и европското раководство на македонскиот премер Зоран Заев, оцени Рама.