Организацијата на Обединетите нации смета дека може да биде постигнат напредок во решавањето на 25-годишниот спор меѓу Грција и Македонија за името, ако има компромис кај раководствата и народите на двете земји, изјави заменик портпаролот на светската организација Фархан Хак.

Во контекст на посетите на Метју Нимиц на Атина и на Скопје, Хак рече дека Обединетите нации целосно ја делат оценката на медијаторот дека е создаден позитивен импулс во релациите меѓу двете земји и оти е можно решение.

Нимиц денеска е во Атина, а утре и задутре ќе биде во Скопје, откако на последната рунда разговори за името во Њујорк, презентира пaкет предлози за кои рече дека можат да резултираат со напредок во наредните два месеца.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/01/2018 15:44