Американскиот амбасадор во Грција, Џефри Пјат, пред денешните средби на медијаторот Метју Нимиц во Атина, изјави дека е оптимист оти ќе биде направен прогрес во преговорите за решавање на прашањето за името на Македонија.

Во интервју за грчката ТВ Скај, Пјат вели дека Вашингтон целосно ги поддржува напорите на Нимиц и на ОН да се најде решение за долгогодишниот спор.

– Јас сум оптимист. САД ќе сторат сè да ги поддржат напорите што ќе ги презема Нимиц во наредните денови и недели – изјави американскиот амбасадор.

Пјат повтори дека интерес и на земјите од Западен Балкан, но и на САД е тие да се приклучат во НАТО и ЕУ.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/01/2018 15:48