Средбите во Атина, специјалниот претставник на ОН во разговорите за името Метју Нимиц, ги започна со разговор со одговорниот за надворешна политика во опозициската Нова демократија, Јоргос Кумуцакос.

Средбата што се одржа во хотелот во кој престојува медијаторот, јави дописникот на МИА од Атина, заврши без изјави за медиумите.

За 13.30 часот по локално време е закажана средбата на Нимиц со шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас. Според официјалното соопштение од Министерството за надворешни работи на Грција, Нимиц и Коѕијас, разговорите ќе ги продолжат на работен ручек.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/01/2018 15:57