Претседателот на каталонскиот парламент рече дека гласањето за новиот регионален челник планирано за вторникот ќе биде одложено, но нагласи дека поранешнот лидер Карлос Пучдемон е единствениот веродостоен кандидат да ја води Каталонија.

„Денешната седница ќе биде одложена, но во ниеден случај нема да биде откажана… нема да има друг кандидат“, изави новиот преседател на каталонскиот парламент Роже Торен на прес-конференција.

Шпанскиот премиер Маријано Рахој повтори во вторникот дека каталонскиот лидер Карлес Пучдемон не може да биде кандидат се’ додека се наоѓа во егзил во Брисел, каде што замина по гласањето во Барселона кога беше прогласена независна Република Катлонија, за да го избегне апсењето.

Шпанскиот Уставен суд во саботата пресуди дека 55-годишниот Пучдемон мора лично да присуствува на седницата на којашто треба повторно да биде избран да ја води Каталонија. Судот забрани негово именување преку линковска врска, а исто така и својот глас да му го отстапи на друг пратеник во текот на гласањето.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/01/2018 17:55