Елиминирање на иредентизмот, име прифатено од Грците, име за севкупна употреба и промена на македонскиот Устав се точките што одговорниот за надворешна политика во опозициската Нова демократија ги споменува како неопходни за решение на името. По средбата со Нимиц, Јоргос Кумуцакос вели дека брифингот со медијаторот, за жал не ја намалил загриженоста на опозициската партија. Токму затоа, Кумуцакос, ги повтори позициите на Нова демократија.

- Решението треба да биде едно и неделиво и да предвидува: Прво, елиминирање на сите форми на иредентизам од соседната земја. Второ, име прифатено од Грците и трето усвојување на името за севкупна употреба и од сите. Очигледно е дека единствена гаранција за сѐ ова е промената на скопскиот Устав - вели Кумицакос, по средбата со медијаторот Нимиц.

Активностите во Атина, специјалниот претставник на ОН во разговорите за името ги започна со средба со одговорниот за надворешна политика во опозициската Нова демократија.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/01/2018 19:43