Instagram развива опција на нивната апликација со која ќе им покажува на корисниците колку пати луѓето го посетиле нивниот профил во последните 7 дена.

Информацијата за тие податоци ќе се појави на самиот врв на профилот, а ќе биде толку воочлива што нема да може да се промаши, пишува британскиот Independent.

Сепак, иако апликацијата ќе ја покажува бројката на профили кои го посетиле вашиот профил, нема да ги открива идентитетите на профилите.

Оваа нова функција ја забележа корисникот Мет Наваро, кој на Twitter објави скриншот од Instagram каде е покажано на кој начин ќе можат да ги забележат овие податоци корисниците кои имаат пристап до нив.

На врвот на екранот кај него пишувало „133 посети на профилот во последните 7 дена“.

Со оглед на тоа дека оваа функција е сѐ уште во развој, не се појавува на профилот на секој од корисниците. Но, може да очекуваме дека во наредните месеци ќе биде достапна на секој корисник на Instagram.

Извор: Кајгана



Автор: Администратор
Објавено на: 30/01/2018 22:15